Остатоци од проектили паднаа врз три градски области на украинската престолнина во понеделник наутро за време на утринскиот шпиц, откако противвоздушната одбрана одби руски ракетен напад врз Киев, соопштија градските власти.
Во Киев нема поголема материјална штета или жртви како резултат на рускиот напад со суперсонични ракети Кинжал, изјави шефот на градските власти Серхиј Попко.
Остатоците од соборениот проектил оштетиле покрив на катна зграда во населбата Соломијански, во западниот дел на градот, а дел од остатоците од ракетата паднале и на теренот на училиштето.
Пријавени се штети во централниот кварт Шевченковски, каде е оштетен покривот на автомобил и во јужното предградие Холосијвски.Русија користи ракети со долг дострел од почетокот на војната, а нападите со беспилотни летала станаа секојдневна појава.
Во текот на ноќта Русија го нападна Киев и неговата околина со околу 15 дронови.
H-47M2 Kinžal, преведен како „кама“ и името на НАТО „Killjoy“, е руска хиперсонична аеробалистичка ракета воздух-земја со нуклеарни способности. Досегот му е повеќе од 2000 km, брзината е 12 мах (4,08 km/s). Може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави и може да се лансира од бомбардери Ту-22М3 или пресретнувачи МиГ-31К.
„Кинжал“ стапи во употреба во декември 2017 година и е едно од шесте нови руски стратешки оружја што ги откри рускиот претседател на 1 март 2018 година.