Цената на нафтата се утрово на берзите се задржа на нивото од минатата недела, а златото се продава по пониска цена. Европските и американските берзански индекси ја започнаа неделата со раст.
Нафтата од типот „брент“ утрово се продава за 78,6 долари за барел, додека на пазарите во исто време е забележан благ пад на цената на златото кое сега се продава за 2.649 долари унца.
Цената на нафтата почна да расте уште минатата недела кога скокна за повеќе од 8% бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток влијаеше и на берзнсаките индекси.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во утрово порасна на 19.134,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.300,59 поени, францускиот CAC 40 на 7.564,85 поени, а московскиот MOEX на 2.807,85 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 42.352,75 поени, индексот S&P 500 на 5.751,07 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.137,85 поени.