Реката Дољанка и пороите од Чвршница ја однесоа и мини хидроцентралата што ја изгради НБА ѕвездата Мирза Телетовиќ, родум од Јабланица, која беше затворена набргу по пуштањето.
Како што пишува „Слободна Далмација“, цитирајќи мештани, браната на хидроелектраната на НБА ѕвездата пукнала, но и самиот Телетовиќ едвај se излегол жив кога започнало невремето.
Имено, го повикале од едно од надлежните министерства во Босна и Херцеговина да ги отвори вентилите на браната. Откако го направил тоа, тој тргнал со својот теренец назад кон Јабланица, но ридот се срушил пред него. Истото се повторило кога се обидел да се врати назад кон Долјани.
-На крајот моравме да го оставиме автомобилот во Мирка и да одиме низ шумата и низ калта за да стигнеме дома – вели Арман Ризвиќ, кој работи во кафулето на Телетовиќ во Јабланица.
За потсетување, во петокот БиХ беше погодена од катастрофални поплави и свлечишта, предизвикани од големо количество врнежи. Според последните информации загинале 16 лица, а уште десетици се водат како исчезнати.