More

    Ако врнежите во Македонија се силни, можни се излевања во градовите

    spot_img

    Доколку се остварат прогнозите и врнежите бидат интензивни, на мали теритотии и за кратко времетраење, можни се локални проблеми и локални излевања на помалите водотеци и суводолици во крајните западни и северозападни делови од државата, пред сѐ на оние кои доаѓаат од планинските масиви Шар Планина, Кораб и Дешат, Стогово и Караорман, Бистра и Јабланица, предупредува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Нагласува и дека ако врнежите бидат поројни и сконцентрирани во градските населени места, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид, можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одводна мрежа.

    „Кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот, но нема опасност од излевање на водата од нивните речни корита. Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, пред сѐ во западните и во северозападните делови на земјата во текот на вечерните часови, како и за време на претстојната ноќ“, наведува ЦУК

    УХМР информира дека под влијание на циклонска активност, почнувајќи од вечерните часови, како и во текот на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на цела територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северозападните делови каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да паднат над 40 литри на метар квадратен дожд.

    Во центарот на Скопје утрово се чистеа сливниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img