More

    Косовскиот премиер бара да му биде испорачан Радоичиќ

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти побара од Србија предавање на поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад од минатата година во Бањска во северно Косово, како услов за негово враќање на дијалогот со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Курти во интервју за медиумот БНН Блумберг (bnnbloomberg.ca), што го пренесуваат косовските медиуми, исто така, побара од ЕУ да изврши поголем притисок врз Белград за да помогне во намалувањето на тензиите со договор за нормализирање на односите.

    – Тоа требаше да се случи вчера. Верувам дека е можно – изјави Курти.

    Косовскиот премиер вели дека меѓународните критики за односот на неговата влада кон српското малцинство во земјата се претерани.

    – Тие се премногу загрижени. Секогаш кога преземаме дејствија, има алармантни гласови за можна ескалација, но еве сме – Косово е подобро од кога било досега – вели Курти.

    Потезите на Приштина да ги затвори институциите поддржани од Србија и да ја забрани употребата на српскиот динар во обласите во северно Косово населени со мнозинско српско население поттикнаа предупредувања од Соединетите Американски Држави и Европската унија дека акциите може да претставуваат закана за кревкиот мир на Балканот.

    Дејствијата на Приштина, која вклучува затворање на филијали на српски банки во областа, уследија по престрелката од минатата година во близина на православниот манастир (Бањска) на северот, во која загинаа еден косовски полицаец и тројца српски милитанти. Тоа беше најкрвавиот судир во регионот во речиси две децении, пишува БНН Блумберг.

    Курти, според меѓународниот медиум, ги бранеше своите постапки како неопходни за да се врати законот и редот на долго поделениот север. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека чекорите се неопходни кон воспоставување контрола врз областите со српско мнозинство и нивна целосна интеграција во правните и финансиските системи на Косово.

    – Мојот впечаток е дека токму поради тоа што ние сме успешни, Белград е се понервозен и, следствено, поагресивен – изјави Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img