More

    Вашата приказна започнува кога со дипломата ќе се вратите во родната земја

    spot_img

    Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги повика македонските студенти кои студираат на Факултетот за информатички студии во Ново Место, Словенија, да се вратат во својата татковина и да бидат идни лидери на промените и реформите.

    На покана на претседателот на управниот одбор на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место, Словенија, проф. д-р Борут Рончевиќ, министерот Минчев одржа предавање во кое ја истакна клучната улога на образованието, иновациите и меѓународната соработка во поттикнувањето на општествениот напредок во регионот.

    Минчев ја поздрави програмата на Факултетот „Информатика во современото општество“ како водечки пример за подготовка на студентите за предизвиците на современиот свет. Тој се осврна и на тековните реформи и напорите за модернизација во јавната администрација во Република Македонија.

    – Нашата цел е да го промовираме владеењето на правото, да ја намалиме корупцијата и да ја обновиме довербата на граѓаните во институциите, преку колективни, транспарентни и системски реформи – рече тој.

    Министерот Минчев ја искористи можноста да им се обрати и на македонските студенти кои студираат на Факултетот, повикувајќи ги да се вратат во својата татковина и да бидат идни лидери на промените и реформите.

    – Вие сте амбасадори на промените, архитекти на напредокот и идни лидери кои сакаме да ни помогнат да го обликуваме патот на нашата држава. На Македонија ѝ требате. Затоа што Македонија не е само место на мапата, таа е наш идентитет, наше наследство и наша колективна одговорност. Очекувам дека по завршување на вашето студирање, по завршување на вашиот образовен пат надвор од татковината, стекнатите знаења и вештини ќе ги искористите на вистинското место, дома, и ќе придонесете кон развојот на Република Македонија. Македонија ве чека. Вашата приказна не завршува кога ќе дипломирате, таа започнува кога ќе се вратите таму каде што припаѓа вашето срце, во вашата родна земја – рече Минчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img