More

    Босна најпогодена од силното невреме ноќеска на Балканот

    spot_img

    Силно невреме ноќеска ги погоди Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

    Најдраматично е во општина Јабланица во Босна и Херцеговина, каде според првите неофицијални информации се стравува дека неколку лица загинале во поплави и одрони, а има голем број повредени и исчезнати лица.

    Горската служба за спасување ги повика граѓаните да повикаат помош за нив и за пожарникарите поради поплавите предизвикани од обилните врнежи синоќа.

    Според босанските медиуми, поради големите поплави и одрони е загрозена голема популација.

    Урнат е патот и отсечен е дел од Бутуровиќ Поље и до повредените е тешко да се пристапи. Во градот Острожац се урна железничка пруга.

    Од Противпожарната станица Јабланица велат дека општината е целосно блокирана. За несреќата и паниката кај луѓето да биде уште поголема, во текот на ноќта оваа општина беше погодена од земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

    „Поради одрон патниот правец кон Доња Јабланица е непрооден. Најтешко, според информациите од теренот, е во Јабланица и околните градови (Бутуровиќ Поље, Острожац, Челебиќи), каде имал голем број одрони на куќи, свлечишта на патишта и поплавување на куќи лоцирани покрај езерото. Се претпоставува дека има човечки жртви“, соопшти Управата за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон.

    Невреме проследено со дожд на подрачјето на Мостар, Коњиќ и Јабланица предизвика активирање на голем број одрони, одрони на патишта и поплавени подрачја поради излевање на поголема количина вода од реките и езерата. Според тековните информации со кои располага Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон постои можност да се загрозени човечки животи поради лизгање на земјиштето и наглото зголемување на нивото на водата во населените места.

    Владата работи на активирање хеликоптер за спас на дете во Јабланица.

    Оттаму посочуваат дека во моментов се работи на расчистување на патот кон Јабланица за што побрзо да стигне помош до загрозеното население. Сите расположливи патни, противпожарни, амбуланти и армиски единици се на терен.

    Службите со чамци во Јабланица спасуваат луѓе. Патот, телефонската и интернет врската се во прекин.

    Во реонот на Мостар, во Дрежница, големиот порој Дрежанка уништи неколку мостови, однесе околу 20 автомобили, а засега нема информации за човечки жртви на тоа подрачје.

    Реките Неретвица и Сеончица се излеаа од коритата и поплавија голем број куќи и неутврден број возила однесоа во Јабланичкото езеро. Урнати се две куќи, а во поплавените куќи уште има жители.

    На магистралниот пат Коњиќ-Јабланица-Мостар, како и на други патни правци има бројни одрони од земја или камења на коловозот, поради што сообраќајот беше во прекин.

    Во Црна Гора црвен метеоаларм

    Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора за денеска прогласи црвен метеоаларм поради предвидениот силен ветер и пороен дожд. Налети на ветер од над 90 километри на час се очекуваат денеска во континенталните и планинските предели, како и во централниот дел и на крајбрежјето.

    Таму се очекува и пороен дожд, од 10 до 20 милиметри врнежи за три часа, а можно е да паѓа и град.

    Министерството за внатрешни работи на Црна Гора претходно соопшти дека земјата ќе биде под влијание на циклонска активност и дека се особено можни интензивни врнежи. Поради тоа, можни се локални поплави, особено во градските средини, кај поројните потоци и покрај патиштата кои минуваат низ планинските предели.

    Во Хрватска се воведуваат итни мерки за поплави

    Поради дождот кој продолжува да паѓа во Хрватска се очекуваме дополнително покачување на водостојот на Купа и воведување вонредни мерки за поплави кај Карловац поради Купа, како и на Уна кај Хрватска Костајница. Министерката за животната средина Марија Вучковиќ вели се воведуваат итни мерки, завршени се подготвките и системот е подготвен за одбрана.

    Таа предупреди дека постои ризик да бидат поплавени дел од приградските населби на Карловац и дел од Хрватска Костајница.

    Се очекува дека постојаните врнежи ќе доведат до секундарен воден бран на реките Купа и Сава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img