More

    Америка ја изгуби контролата врз Блискиот Исток

    spot_img

    Разговорите меѓу американските и израелските официјални лица биле „прилично напнати“, особено на највисоките нивоа, а Израел намерно ги држел САД неинформирани за деталите од своите операции, вели воен аналитичар за Си-Ен-Ен.

    По копнениот упад на Израел во Либан „некогаш моќните САД изгледаат немоќни да го ограничат својот сојузник или да влијаат на главните партии во оваа регионална криза“ и тоа е „новата стратешка реалност“, се вели во анализата. САД се „случаен минувач“ кој доживеал „дипломатски срам“, а може да бидат вовлечени во војна.

    Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху започна „ограничена копнена операција“ против Хезболах, и покрај барањата на Вашингтон за воздржаност и повиците за деескалација. Ова дојде откако претседателот Џо Бајден рече дека „треба да имаме прекин на огнот“, истакнувајќи ги разликите меѓу САД и Израел.

    Текстот спомнува дека по нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври Нетанјаху често дејствува независно, а дури потоа се консултира со САД притоа рушејќи ги дипломатските напори на Вашингтон за прекин на огнот.

    Се вели и дека САД не биле информирани за израелскиот напад во кој беше убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

    Што може да направи Бајден со врзани раце?

    „Бајден, кој се гордее со тоа што е про-израелски, не ги искористи опциите што ги има, како што е прекинот на воената помош за Израел. Иронијата е што во нападот на Насрала беа употребени американски бомби, што може дополнително да го разгори регионалниот конфликт и да ги загрози американските интереси“.

    Покрај растечкиот антагонизам меѓу Нетанјаху и Бајден, САД сакаат да избегнат да бидат вмешани во регионален конфликт на Блискиот Исток.

    „Нападите на трговските бродови во Црвеното Море предизвикуваат чести пресретнувања на ракетите на бунтовниците Хути, а забавените синџири на снабдување имаат значителни економски последици“, се вели во написот.

    Додека САД пробуваат да си обелат меѓународната репутација во дипломатијата, сето ова влијае и на изборната трка. „Мешањето на Нетанјаху“ во американската политика дополнително ги поларизираше Демократите и Републиканците.

    „Бајден и Харис се соочуваат со тешка политичка ситуација пред изборите. Нивната неспособност да ги зауздаат ​​израелските акции предизвикува поделба во Демократската партија и тоа може да го намали одѕивот меѓу клучните гласачи. Секој потег против Израел може да ѝ наштети на Харис“, пишува Стивен Колинсон за Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img