More

    Ќе се стопира злоупотребата на почвата, најави Трипуновски

    spot_img

    За да нема злоупотреби и манипулации, со брза измена на Законот за земјоделско земјиште плодните ниви ќе се заштитат од градби, најавува министерот за земјоделие Цветан Трипуноваки.

    Законот е во процедура, помина на комисиската расправа помина и се очекува во наредниве денови да биде усвоен на пленарна седница, .

    – Со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште – рече министерот Трипуновски во гостување на ТВ Стар.

    Тој додаде дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.

    – Изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзиситираат. Со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 хектари земјоделска површина – рече Трипуновски.

    Со законските измени, на барање на земјоделците, ќе се продолжи рокот на владеењето на земјиштето.

    – Знаете дека досега договорите за едногодишни култури беа на 15 години со можност за анекс. Сега новите договори ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството – истакна тој.

    Министерот најави дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.

    – Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја – рече министерот Трипуновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img