More

    Девојка на фудбалер на Хајдук шокирана од цените во Сплит: „Ова е лудо, како да сме во Монако…“

    spot_img

    Познато е дека фудбалерите одлично заработуваат, можат на своите семејства да им овозможат луксузен животен стил, но девојката на ѕвездата на Хајдук Леон Дајаку, Леони Џун била шокирана од цените во Сплит.

    Граѓаните на Хрватска, исто како и оние во Босна и Херцеговина, живеат сè потешко. Цените дивеат, платите остануваат исти, а високите цени оставаат траен впечаток.

    Запрепастена била и девојката на Леон Дајаку, која по едно купување решила да објави на Инстаграм.

    „Ова е лудо! 66,40 евра за чаша? Сè е толку скапо во Сплит, како да сме во Монако. Толку убав град, но цените дивееја“, објави Леони на Инстаграм.

    Инаку, Дајаку во Хајдук пристигна пред почетокот на минатата сезона од Сандерленд. Пристигна како големо засилување, но не се снајде во сплитскиот тим. На 30 натпревари постигна само четири гола, а на тоа додаде и три асистенции.

    Тој беше отпишан на почетокот на сезоната, но откако не успеа да најде нова работа, беше вратен во тимот на Џенаро Гатузо и чека можност од клупата за резервни играчи.

    Кариерата ја започна во редовите на Баерн за кој одигра три натпревари, а настапуваше и за Штутгарт, Унион Берлин, Сент Гален и споменатиот Сандерленд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img