More

    Како запре прочистувањето на водата од браната Турија?

    spot_img

    Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие.

    Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното. Водата може единствено да се користи како техничка.

    Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улицата 24 Октомври (поранешна дирекција на „Комуналец“), булеварот Климент Охридски (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот.

    Во шесте населени места – Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот.

    Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје – Струмица.

    Градоначалникот Костадинов обвини советници и директор за саботажа

    Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги обвини советниците од власта за саботажа. Тој вели дека за ЈП Водостопанство е проблем неплатениот долг на Комуналец. Костадинов им предложил на советниците да се исплати долгот кон АД Водостопанство, а претпријатието веднаш да почне испорачува почиста техничка вода за Струмица и да ги даде сите потребни услуги како што се чистењето на речните корита за да се спречат поплави во Струмица, за што би се обезбедиле писмени гаранции.

    „Очекував советниците од ВМРО-ДПМНЕ, функционерите од ЗНАМ да разговараат и да прифатат или да одбијат предлог. До сега никој ништо не направи во однос на предлогот. Наместо тоа, тие побараа оставка од мене! Ова ја разоткрива саботажата која заедно со ЗНАМ ја спремале, за жал свесно или несвесно помогнати и од член на мојата партија, активен директор во Водостопанство“, напиша Костадинов на Фејсбук пред два дена.

    Потоа тој предложи дека може да се повлече од фукнцијата ако тоа е проблем за струмичани да добијат питка вода.

    „Ако заради политички поени, ја држите Струмица во заложништво, ни пуштате кал, намерно не ги чистите речните корита за да се поплавуваме, дадете писмени гаранции дека веднаш ќе испорачувате чиста вода од Турија, ќе инвестирате во браната Турија, ќе чистите речни корита кои се ваша надлежност, ја имате мојата оставка. Се надевам дека овој предлог ако малку имате човечност ќе го прифатите. Не ја држете Струмица во заложништво! Ако Костадинов е проблемот, еве да ви помогнам. Вие сте на потег“, додаде Костадинов.

    Градоначалникот Костадинов денеска објави дека предложил да се намали цената на водата за пиење од 33,9 на 7,85 денари по метар кубен додека не се реши проблемот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img