Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии во близина на амбасадата на Израел во Копенхаген, пишува данскиот весник „Политикен“.
Нема повредени, се наведува во соопштението на полицијата.
„Никој не е повреден, а ние вршиме првични истраги на местото на настанот. Се испитува можна поврзаност со израелската амбасада, лоцирана во областа“, пишува полицијата во Копенхаген на X
Засега нема коментар од израелското Министерство за надворешни работи.
Во текот на денешниот ден, полициските службеници ќе одржат прес-конференција на која ќе соопштат детали за инцидентот.