More

    Македонија доби нов извор на течен гас

    spot_img

    Терминалот за течен природен гас „Александрополис“ од денеска, 1 октомври 2024 година, почна со работа. Тој е еден од најважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво, дизајниран, изграден, во сопственост на, и управуван од Гастрејд. Историски проект замислен пред 15 години од Димитрис Копелузос.

    Остварен како резултат на извонредна соработка, со револуционерна замисла за своето време, Проектот придонесува кон енергетската безбедност и кон диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, категорично надградувајќи ја улогата и важноста на Грција во современата енергетска карта на Европа, која станува енергетска влезна порта за повеќе од девет земји.

    Како почна сѐ?

    Спроведувањето на Проектот почна да се материјализира кога беше донесена Конечната одлука за инвестирање (ФИД, анг. FID) на 27 јануари 2022 година од страна на Гастрejд. Последователно, градежните работи на копно и на крајбрежјето во Александрополис брзо се одвиваа, при што во февруари 2023 година започна изградбата на специјалниот танкер – пловна единица за складирање и регасификација на течен гас (ФСРУ, анг. FSRU) во Сингапур. ФСРУ исплови од бродоградилиштето „Ситриум“ на 26 ноември 2023 година, пристигнувајќи во водите на Тракиското Море на 17 декември 2023 година, каде што се закотви на својата постојана положба. Со успешното завршување на сите тестови за пуштање во употреба и издавањето на Дозволата за работа од страна на Министерството за енергетика и животна средина изминатово лето, Проектот беше ставен во работна готовност, со што официјално се овозможи отпочнување со деловното работење.

    Терминалот за течен гас „Александрополис“ се состои, покрај Пловната единица (ФСРУ), и од подморски и копнен гасовод кој ја поврзува Пловната единица со Националниот систем за пренос на природен гас (ННГТС, анг. NNGTS) преку кој ќе се испорачува природен гас до Грција, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, Молдавија и Украина на исток, како и Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица за складирање и регасификација (ФСРУ), наречена „Александрополис“ во чест на градот и неговите жители кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, има најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно.

    Вертикален коридор за Југоисточна и за Централна Европа

    14 грчки и меѓународни компании веќе деловно учествуваат во Проектот, заземајќи го речиси целиот капацитет на Терминалот најмалку до 2030 година. Истовремено, почетокот на комерцијалното работење на Проектот го одбележува зајакнувањето на иницијативата за „Вертикален коридор“, значително засилувајќи ја постојната динамика, стремејќи се да создаде центар за трговија со природен гас во Југоисточна и Централна Европа.

    – Потребна беше визијата на еден човек, петнаесет години напор и две години интензивна техничка подготовка за да може Грција, Александрополис, да се здобие со проект кој претставува пресек за енергетската положба на поширокиот европски регион. Терминалот за течен природен гас „Александрополис“ е многу повеќе од деловен проект. Тоа е материјален доказ за можностите што ги имаме во Грција да создадеме европски инфраструктури кои ги решаваат проблемите на нашето време, нудејќи можности и перспективи за подобра и одржлива енергетска иднина – нагласи основачкиот акционер на компанијата Елмина Копелузу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img