В среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а в четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Под влијание на циклонска активност, в петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и со засилен ветар.
Локално ќе има услови за појава на невреме.