More

    Дел од западните медиуми јавија дека Израел распоредува тенкови на границата со Либан, што најверојатно е подготовка за евентуална копнена инвазија

    spot_img

    Дел од западните медиуми јавија дека Израел распоредува тенкови на границата со Либан, што најверојатно е подготовка за евентуална копнена инвазија.

    Американскиот весник „Њузвик“ објави дека операциите на израелските командоси во јужниот дел на Либан против Хезболах е дел од подготовките за евентуална копнена инвазија, што може да се случи во текот на неделата.

    Неименуван израелски претставник за британскиот весник „Телеграф“ потврди дека елитните трупи се фокусирани на инфраструктурата на Хезболах, вклучително локациите со оружје и командните и контролните центри.

    Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, се чини дека навести дека Израел има намера да изврши копнена инвазија на Либан, откако им рече на војниците во северниот дел на земјата дека „ќе ги искористиме сите наши способности – вклучително и вас“, напиша „Гардијан“.

    Заменик шефот на Хезболах, Наим Касем, во своето прво обраќање откако израелската армија минатата недела го елиминира лидерот Хасан Насрала, изјави дека движењето е подготвено да се спротивстави на израелската копнена инвазија врз Либан.

    – Израел нема да ги реализира своите цели. Ќе се соочиме со која било можност и подготвени сме ако Израелците одлучат да влезат (во Либан) по копнен пат, а силите на отпорот се подготвени за борба на копно – посочи Касем.

    Израелската армија соопшти дека мобилизирала уште три баталјони резервисти, а две бригади веќе се испратени во северен Израел како подготовка за можната копнена операција.

    Додека „Волстрит џурнал“  објави дека израелски специјални сили ја преминале границата со Либан и испраќаат трупи во тунелите на Хезболах. И американскиот весник тврди дека тоа претходи на евентуална голема копнена офанзива.

    Израелските медиуми јавија дека нападите врз Либан не само што ќе продолжат туку ИДФ се подготвува и за копнена операција. Неименуван безбедносен извор изјави дека иако сè уште не е донесена политичка одлука, ИДФ привршува „значајни операции“ како подготовка за копнена инвазија врз јужен Либан.

    – Целта на копнените маневри е да се уништат целите, но и да се проектира моќта на Израел и ИДФ на Блиски Исток, особено врз Хезболах – истакна тој.

    Според процена на Израел мрежата на тунели на Хезболах долга е неколку стотина километри. Се претпоставува дека Хезболах ги користи тунелите за влез во Израел, иако дел од нив се уништени во 2019 година од страна на израелската армија.

    Во меѓувреме, либанскиот технички премиер Наџиб Микати изјави дека либанската влада е подготвена целосно да ја спроведе резолуцијата на Обединетите нации (ОН) со цел да се стави крај на вооруженото присуство на Хезболах јужно од реката Литани, како дел од договорот за прекин на огнот со Израел.

    Микати рече дека Либан е подготвен целосно да ја спроведе резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН и да распореди војници јужно од реката Литани, која е на околу 30 километри од јужната граница на Либан, пренесуваат британските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img