More

    Вонреден министерски состанок на ЕУ поради ескалацијата во Либан

    spot_img

    Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел свика вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на кој ќе се разговара за ескалација на конфликтот во Либан преку видео врска за понеделник попладне, објави неговиот портпарол.

    „Средбата е свикана за да се разговара за одговорот на ЕУ на последната ескалација во Либан“, рече портпаролот Петер Стано.

    Бидејќи се работи за неформален состанок, министрите не можат да донесат никаква формална одлука, а дискусијата може да укаже на можни потези што земјите членки сакаат да ги преземат во однос на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

    Во последниве денови, Израел изврши тешки напади против сојузниците на Иран во регионот – го започна најмоќниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан и Хутите во Јемен.

    Водачот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во нападите врз Либан, а палестинската милитантна група Хамас во понеделникот објави дека е убиен и нејзиниот лидер во Либан, Фатех Шериф Абу ел-Амин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img