More

    Ова се четирите најголеми лаги кои ја уништуваат вашата врска, вели психологот

    spot_img

    На лажењето често се гледа како на ултимативно предавство во врската, но најлошите и најпогубните лаги не се секогаш очигледни, вели психологот Џефри Бернштајн.

    „Суптилните, подмолни измами можат полека да ги нагризат темелите на довербата, оставајќи ги дури и најважните врски во урнатини“, изјави тој за Psychology Today.

    Според психолог, ова се четирите најголеми лаги кои ги уништуваат љубовните врски и можат да доведат до скршено срце.

    1. „Се е во ред“

    „Оваа лага често се користи за да се избегне расправија, но всушност создава дистанца меѓу партнерите. Негирањето на вистинските чувства го оневозможува партнерот да ве поддржи и разбере, а на крајот доведува до емоционална разделба и потенцијална катастрофа“, предупредува психологот.

    2. „Тоа не е толку голема работа“

    Минимизирањето на сопствените чувства или постапките на партнерот доведува до незадоволство и насобрани проблеми. Бернштајн истакнува: „Кога малите нешта што навистина те мачат ќе се откријат, тие можат да прераснат во поголеми проблеми кои стануваат невозможни да се решат“.

    3. „Можам да ја сменам“

    „Верувањето дека можете да го промените вашиот партнер може да доведе до разочарување. Луѓето можат да еволуираат, но промените мора да доаѓаат одвнатре, а не поради туѓите очекувања. Оваа лага често резултира со фрустрација и откривање дека сте заљубени во идеализирана верзија на вашиот партнер, а не во вистинската личност“, забележува психологот.

    4. „Не треба да зборуваме за тоа“

    Избегнувањето тешки разговори под изговор дека „не треба да зборуваме за тоа“ е деструктивно.

    „Комуникацијата е клучна за секоја успешна врска, а избегнувањето проблеми води до поголеми недоразбирања и емотивна дистанца. Така, овие четири лаги полека можат да ја уништат љубовта и довербата во врската. Посветувањето на отворена комуникација е клучно за одржување на врската. Само така можете да изградите љубов која е издржлива и вистинита“, заклучил Бернштајн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img