Израелската армија потврди дека нападнала воени цели на Хутите во областите Рас Иса и Ходеида во Јемен.
Десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и борбени и шпионски авиони, учествуваа во нападите, соопшти израелската војска.
На интернет кружат снимки од ужасниот напад.
– Оган и чад се издигнуваат во далечината на видеото снимено во Јемен по израелскиот напад врз пристаништето Ходеида, контролирано од Хутите – пишува Тајмс оф Израел.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави на X дека нападот врз цели во Јемен покажува дека ниту една локација не е предалеку за израелски напад.
– Ќе ги ловам моите непријатели и ќе ги стигнам. Нападот врз Хутите го следев од контролната соба на воздухопловните сили. Пораката е јасна – ниту едно место не е предалеку за нас – додаде тој.