Составот на Шкендија попладнево во Тетово одигра добар натпревар и убедливо го победи скопски Вардар со 4:0 во дербито од 8 коло во македонската прва лига.
Во корист на Шкендија Тетово и одеше и нерешеното од натпреварот Струга – Гостивар, па со оваа победа против ривалот од Скопје, се вратија на челната позиција од ПМФЛ.
Шкендија уште во првиот дел ги отргна сите дилеми околу победникот. Серијата ја отвори Трумчи во третата минута, а потоа Ибраими и Ахмеди беа стрелци за домаќините за 3:0 до крајот на полувремето.
Потоа се поставуваше само едно прашање, колку ќе биде конечниот резултат, а него го постави Рамадан за конечни 4;0.
Треба да се потенцира дека на натпреварот имаше низа на проблеми за организаторот, односно инциденти предизвикани од навивачите, кои го погодија голманот на Вардар, Гачевски во глава со тврд предмет.
Домашни победи забележаа и Брера, Беса и Работнички, додека две средби заврши без победник.
Резултати:
АП Брера Струмица – Пелистер 4:0
Беса – Воска Спорт 1:0
Работнички – Шкупи 2:1
Шкендија – Вардар 4:0
Струга Трим Лум – Гостивар 2:2
Тиквеш – Силекс 0:0.
Табела: Шкендија 17 бода, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга ТЛ 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5.