More

    Русија го осуди „политичкото убиство“ на лидерот на Хезболах

    spot_img

    Русија најостро го осудува убиството на Хасан Насрала, генералниот секретар на либанската милитантна организација Хезболах, и го повикува Израел да ги запре нападите, се вели во соопштението објавено денеска на официјалната веб-страница на руското Министерство за надворешни работи.

    „Најостро осудуваме уште едно политичко убиство извршено од Израел. Оваа насилна акција има уште подраматични последици за Либан и за целиот Блиски Исток. Убивањето либански граѓани речиси неизбежно ќе предизвика нов бран (насилство). Целосната одговорност за дополнителна ескалација паѓа врз Израел“, се наведува во соопштението.

    Израелската војска попладнево соопшти дека извршила воздушен напад врз штабот на Хезболах лоциран под станбени згради во центарот на бејрутскиот кварт Дахија.

    Во тој напад загинаа и командантот на Јужниот фронт на тоа движење Али Карки и командантот на силите на иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img