Хамас Насрала, заедно со терористичката група Хезболах, е одговорен за смртта на стотици Американци во текот на четиридеценискиот терор и неговата смрт е „мерка на правдата“ за неговите многубројни жртви, вклучително и американски, израелски и либански цивили, рече денеска американскиот претседател Џо Бајден за убиството на лидерот на Хезболах во воздушен напад што го изврши израелската војска врз згради во Бејрут.
Бајден посочи дека нападот се случил во поширок контекст на конфликтот што започна со масакрот на Хамас врз Израелци на 7 октомври 2023 година, по што Насрала решил да отвори „северен фронт“ против Израел.
Претседателот на САД повторно изрази целосна поддршка за правото на Израел да се брани од Хезболах, Хамас и од други терористички групи поддржани од Иран.
Бајден потврди дека му наредил на Пентагон да ја зајакне одбранбената позиција на американските сили во регионот на Блискиот Исток, со цел да се спречи ескалација на конфликтот и да се намали ризикот од поширок регионален конфликт. Тој додаде дека САД преку дипломатски средства се обидуваат да го деескалираат актуелниот конфликт во Газа и Либан, за да постигнат договор за прекин на огнот и за враќање на луѓето во нивните домови.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин, пак, денеска на својот израелски колега Жоаву Галанту му потврдил дека САД се решени да го спречат Иран и милитантните групи поддржани од официјален Техеран да ја искористат ситуацијата во Либан и да го прошират конфликтот.
„Остин изрази целосна поддршка за правото на самоодбрана на Израел и јасно стави до знаење дека САД се подготвени да ги заштитат американските сили и објекти во регионот и се посветени на одбраната на Израел“, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
Во меѓувреме, портпаролот на израелската армија Данијел Хагари денеска изјави дека базата на Хезболах во Бејрут, каде што беше убиен лидерот на либанската група Саџед Хасан Насрала, е легитимна воена цел во согласност со меѓународното право.