More

    Нетанјаху порано си замина од САД

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на САД по денешното обраќање пред Генералното собрание на ОН, откако израелските сили извршија нов напад врз цели на Хезболах во Бејрут.

    „Премиерот Нетанјаху одлучи да се врати во Израел порано од планираното и ќе замине од САД вечерва“, се вели во соопштението од Кабинетот.

    Според Кабинетот, Нетанјаху првично требало да пристигне во Израел в недела.

    Израелски воени авиони попладнево извршија серија напади врз јужни предградија на Бејрут, објавија либанските државни медиуми.

    Портпаролот на ИДФ (Израелската армија)  Даниел Хагари изјави дека израелските сили го нападнале главниот штаб на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут. Хагари вели дека штабот бил изграден под цивилни згради во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах во Бејрут.

    Снимките објавени од либанските медиуми ги покажуваат масовни напади.

    Израелската војска „моментално напаѓа терористички цели на терористичката организација Хезболах во јужен Либан“, се вели во соопштението на војската.

    Нападите се изврпшуваат веднаш откако Нетанјаху вети дека ќе продолжи да го таргетира Хезболах во Либан.

    „Ќе продолжиме да го деградираме Хезболах додека не се исполнат сите наши цели“, им рече тој на светските лидери во ОН.

    Во посебна изјава, министерот за одбрана Јоав Галант, исто така, вети дека ќе ги победи „израелските непријатели блиски и далечни“.

    Либанското Министерство за здравство соопшти дека две лица загинале, а 76 се ранети во денешниот голем напад. Според прелиминарниот биланс за 15 лица е потребна хоспитализација, се додава во соопштението на Министерството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img