Ервин Џонсон пред 11 години објави дека е геј

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ервин Џонсон, познат како Еј Џеј, синот на американскиот кошаркар Меџик Џонсон, секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации. Се потруди да го направи истото и на Модната недела во Париз.

Еј Џеј дошол во Париз во црн фустан, под кој му се гледала долната облека. Со фустанот облекол кожена јакна и се нашминкал суптилно. Инаку, 32-годишниот Еј Џеј присуствувал на ревијата на Ив Сен Лоран.

Инаку, Еј Џеј на социјалните мрежи честопати објавува фотографии на коишто е облечен во тесни фустани, мини сукњи и слични комбинации. Во една прилика тој изјави дека се чувствува удобно во своето тело, и дека и покрај тоа што се облекува како жена, не размислува за промена на полот.

 

„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен од себе. Секогаш велев, доколку некој не се чувствува добро во своето тело, тогаш нека направи нешто во врска со тоа прашање“, изјави Џонсон за „Е! Њуз“.

„Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото коешто ми е судено да го имам. Не чувствувам потреба од промена. 100 отсто сум сигурен сум во она што го сакам. Удобно ми е во сопствената кожа и го сакам своето тело“, вели ЕЈ Џеј, којшто пред 11 години објави дека е геј.

 

- Advertisement -
Ad image

Неговиот татко Меџик, призна дека на почетокот му било тешко да го прифати фактот дека неговиот син е геј.

Еј Џеј, пак вели дека неговите родители и порано биле свесни за неговата сексуална ориентација, но дека биле загрижени поради реакцијата на јавноста, а таткото и синот денес имаат добар однос.

- Advertisement -
Ad image

„Храбар е и доволно силен да му покаже на светот кој е тој“, вели Меџик за својот син.

 

Share This Article