Исчезна основачот на бугарската фирма поврзана со експлозивните пејџери

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11610013 An ambulance arrives at the American University of Beirut Medical Center (AUBMC) after an incident involving Hezbollah members’ wireless devices in Beirut, Lebanon, 17 September 2024. According to Lebanon’s state news agency, several ‘wireless communication devices (pagers) were detonated using advanced technology.’ Hundreds of people with various injuries have been arriving at Lebanese hospitals, according to the Lebanese Public Health Emergency Operations Center of the Ministry of Public Health. EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Ринсон Хозе (39), основачот на бугарската компанија „Норта Глобал“ што наводно била вклучена во синџирот за снабдување со пејџери на Хезболах, исчезнал за време на службено патување во САД минатата недела, јави Индекс.хр, дополнувајќи дека норвешката полиција издаде меѓународна потерница против него.

– Вчера добивме дојава дека исчезнало лице поврзано со пејџерите. Отворен е случај за исчезнато лице и по него распишавме меѓународна потерница – соопшти полицијата во Осло.

Хозе одби да зборува за пејџерите со новинари на Ројтерс кои го контактирале на 18 септември кога им ја спуштил слушалката откако бил прашан за работењето на компанијата во Бугарија. Потоа повеќе не одговарал на повиците и пораките на новинарите.

Освен што има своја компанија, Хозе работел и во одделот за продажба на норвешката медиумска компанија DN Media Group.

Работодавецот потврди дека Хозе патувал на конференција во Бостон на 17 септември, но изгубил контакт со него следниот ден.

Според бугарскиот корпоративен регистар, во 2022 година, Хозе ја основал „Норта Глобал“, компанија со седиште во главниот град Софија.

Бугарските власти ја испитуваа улогата на компанијата во снабдувањето на пејџерите, но не најдоа докази дека тие биле произведени или извезени од Бугарија.

Во експлозиите на пејџери, за кои е обвинет Израел, загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, а беа повредени околу 2.800 други.

Share This Article