More

    Шест деца од Кавадарци злоупотребувале лични податоци

    spot_img

    Кавадаречкиот суд изрече воспитна мерка засилен надзор од страна на родители за четири деца, за злоупотреба на лични податоци на деца.

    Од Судот попладнево потврдија за МИА дека во предметот, како оштетени се деца-жртви.

    – Децата со користење и навлегување во компјутерски информатички систем на лични податоци, во неколку наврати прибрале лични податоци-фотографии од оштетените деца-жртви. Преку апликацијата www. рогих.аї ги обработиле преземните фотографии, на начин што извршиле монтажа на нивните ликови и како монтирани ги испраќале и разменувале во група на социјалната мрежа Фејсбук. Co вака преземените дејствија децата во ризик ги исполниле елементите на кривичното дело кое им се става на товар, а со тоа на оштетените деца-жртви им нанеле штета – појаснија од Судот.

    Во писменото известување до МИА се вели дека пред Основен суд Кавадарци, а по барање за поведување на подготвителна постапка, поведена била постапка спрема шест деца во ризик, за кривично дело „Злоупотреба на лични податоци”.

    По завршување на подготвителната постапка, од страна на ОЈО Кавадарци поднесен бил предлог за изрекување на санкција спрема четири деца.

    – Советот за деца на одржана главна, усна и нејавна расправа, изрече воспитна мерка Засилен надзор од страна на родителите, а спрема две деца постапката е запрена, од причина што за едното дете нема докази дека го сторило кривичното дело кое му се става на товар, а за другото дете постојат околности, кои согласно член 20 од Законот за правда за децата го исклучуваат кривичното гонење. Решението со кое е изречена воспитна мерка, како и решението за запирање на кривичната постапка, се правосилни – ни одговорија од Судот.

    Во врска со побараните податоци од ваша страна како новинар за постапка која се водела пред Основен суд Кавадарци, најпрво укажуваме дека согласно Законот за правда за децата-децата во судир со закон и децата-жртви на кривични дела се заштитени по однос на јавни податоци за нив, јавноста при спроведување на постапката е исклучена согласно овој закон, подвлекоа од Судот.

    На 13 октомври минатата година, МИА информираше дека малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња.

    – Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки.

    Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, ни одговори тогаш портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

    Родител на едно од девојчињата, рече тогаш за МИА дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од Фејсбук на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирање со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни чатови.

    Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето, потврдија околу средината на октомври, од ДПИ за МИА.

    – Соред информациите што ги добивме од надлежен просветен инспектор, настанот се случил надвор од училиштето, а на случајот работи Министерството за внатрешни работи по пријава на родителите, ни напишаа тогаш во писмениот одговор од Државниот просветен инспекторат.

    На 25 октомври, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформи предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Тогаш,  ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

    – ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители – рекоа тогаш од ЈОРМ.

    МИА информираше дека на 29 јануари годинава Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Вештачењето било во врска со монтажите.

    На први февруари, информиравме дека Обвинителството поведе постапка против шест деца во врска со настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци, за кој пишуваше МИА.

    „Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци“, ни соопштија тогаш од Обвинителството.

    Како што додадоа оттаму, малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img