Глобалната економија годинава ќе има раст од 3,2%, со исто темпо како и во 2025 година, се вели во прогнозата што денеска ја објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Се предвидува дека индиската економија ќе има раст од 6,7 % во 2024 година и ќе забрза до 6,8% во 2025 година, а економијата на Индонезија ќе има раст од 5,1% годинава и 5,2% следната година.
Организацијата за економска соработка и развој смета дека економскиот раст на Кина оваа година ќе биде 4,9%, а следната година ќе забави на 4,5%.
Се очекува Русија да доживее силен економски раст од 3,7 % оваа година, кој сепак значително ќе забави до 1,1% во 2025 година.
Растот е релативно силен во многу земји од Г20, вклучувајќи ги САД, Бразил и Велика Британија, додека послаб резултат е забележан во Германија и значителен пад во Аргентина, се вели во извештајот.
Еврозоната годинава ја очекува раст од 0,7% и 1,3% следната година, бидејќи економската активност ќе биде поддржана со повисоки реални приходи и заеми кои ќе бидат повеќе достапни.