More

    Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан, барајќи интервенција од меѓународната заедница

    spot_img

    Папата Франциско ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи се што е во нејзина моќ за да се стави крај на тоа.

    Римокатоличкиот поглавар изрази жалење за ситуацијата во Либан, каде бомбардирањата предизвикаа уништување во последните денови.

    „Се надевам дека меѓународната заедница ќе ги вложи сите можни напори да стави крај на оваа страшна ескалација“, рече папата.

    Од понеделник, израелските воздушни напади се насочени кон упориштата на проиранското исламистичко движење Хезболах, на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут. Во нападите загинаа повеќе од 550 луѓе.

    Хезболах денеска соопшти дека истрелал балистичка ракета врз седиштето на Мосад, во близина на Тел Авив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img