More

    Новата флота возила се планира во буџетот за 2025 година

    spot_img

    Владата ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни. Но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите институции се задолжени да направат попис на потребите за возила.

    – Сакаме да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични возила, хибридни итн. Возила со коишто сигурно нема да биде мисијата на лоши честички, оваква каква што е сега и очекувам дека набруго тоа ќе го направиме. Но секако не оваа година, бидејќи тоа мора да биде предвидено во буџетот за следната година – вели Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски истакна дека и преку инвестициите во енергетиката планот е Македонија да биде енергетски независна во делот на увозот на електричната енергија, а го најави и носењето на новиот Закон за енергетика. Тој додаде дека со инвестицијата на компанијата „Алказар“ во производство на енергија од обновливи извори на енергија очекува да се произведува струја некаде еден терават час.

    – Еден терават час е отприлика, колку што е 25 % од вкупното производството коешто го имаме како држава и со еден еден терават на час ќе дојдеме до би рекол на чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика, каде што ќе бидат предвидени батериски системи и слично, мислам дека во следната веќе 2025, почетокот на 2026 година би можеле да зборуваме за портфолио на државата увоз-извоз нула. Што значи дека ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот на увоз на електрична енергија – изјави Мицкоски.

    За лошата состојба во АД ЕСМ, која се дави во долгови, Мицкоски истакна дека точно дека долговите се огромни.

    – За жал во право сте дека во изминатите седум години, ништо не е променото од една состојба, којашто јас кога бев генерален директор во АД ЕСМ со ЕЛЕМ тогаш со 25 милиони евра банкарски депозити, шест милиони евра на сметка и нула долгови, за жал пред некоја недела ја оставија компанијата со повеќе од 80 милиони евра долг, пет милијарди денари – изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека се прави Програма за санација на долговите на АД ЕСМ и како што рече „верувајте дека многу скоро ќе излеземе од овие долгови коишто ги оставија оние криминалци, коишто претходно го водеја“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img