Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во хумористично видео е претставен како лик од познатиот цртан филм „Ла линеа“ кој шета низ Србија и покажува што изградил досега.
– И сега на работа! Брзо да се изгради пат. Момци, не можам да летам. Што прави оваа дупка овде? Момци закрпете ја оваа дупка што побрзо! Среќна работа. Каде е мојата панда? Што е ова? Тоа ти е шега. Барав електрична фиат панда од Крагуевац. Така е! Национален стадион, мостови, тунели, фабрики, Белград на вода, Експо. Работиме напорно и ја градиме Србија – коментира претседателот Вучиќ во хумористичното видео.