More

    Мицкоски најави стратегија за развој за наредните 20 години

    spot_img

    Предолго државата е соочена со распространета корупција која не е санкционирана и на некој начин, системот создава култура на корумпираност. Наследивме институции каде е нормално да се нудат суми во четири очи, мито, и да се корумпираат службениците или барем да се направи обид за корупција на службениците, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на втората седница на Националниот совет за развој, чијшто преседател е.

    – И изненадени се кога ќе ги одбиете, кога ќе ги пријавите, кога ќе дојдат луѓе на позиции кои се некорумпирани. Ваквите неславни наследства од минатото се реликвија на една тажна реалност која мораме да ја промениме – потенцира премиерот,

    На седницата се дискутираше за потребата од национална стратегија за развој за период од 20 години. Според премиерот, Националниот совет за развој е одлична платформа за учество во визијата и реализацијата на стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ за чекорите во периодот 2024-2024 година. Сериозните држави, додаде, создаваат документи кои се плод на заедништво, меѓусебна солидарност и вклучување на сите засегнати страни во тој процес.

    – Оваа стратегија не е само на Владата, туку таа треба да биде заеднички документ, точка на поврзување на сите одлучувачки фактори. Треба активно да се вклучи и власта и опозицијата и кога е во прашање напредокот на државата треба да се премостат и надраснат сите наши бариери и меѓусебни разлики во корист на заедничката иднина. Мене ми е жал што одредени поединци од опозицијата ја пропуштаат оваа шанса и не можат да ги надраснат заедничките разлики, но тоа е нивниот начин на гледање на работите кој е спротивен со нашиот – рече Мицкоски.

    Оваа стратегија, додаде тој, треба да даде одговор на многу суштински прашања во наредните неколку декади. Овие прашања се последица на нашето минато и искуство со проблемите со кои како држава сме се соочиле, но и проблемите кои денес се акутно присутни.

    – Мораме да бидеме објективи и да кажеме дека постои огромно разочарување од постапките и колективните политики изминатите повеќе од 30 години. Системот е деградиран и премногу пати во минатото злоупотребуван, а администрацијата во државните институции е демотивирана и силно деградирана преку лоши примери кои се прикажуваа како колективна приказна во која паѓа духот и заедничкиот мотив на нацијата. Но, она на што мораме да посветиме внимание и што претставува еден од најсериозните проблеми е корупцијата и борбата против криминалот. И воедно мораме да воспоставивме мерит систем каде единствениот критериум по кој ќе се напредува се способностите, стекнато знаење и квалитетот на визијата. Мора оние кои учеле, вложиле труд и стекнале знаење да ја имаат својата шанса – рече Мицкоски.

    За да имаме држава без корупција, додаде, држава со систем кој функционира, држава со изграден мерит-систем треба да постојат механизми и цели кои мораме да ги искреираме и дел од оваа стратегија.

    – Квалитетното образование е клучот на напредокот. Мора да се постават цели кои ќе бидат храбри, но и кои што ќе се реализираат. А најважната тема на која мораме да посветиме внимание е економијата и економскиот развој. А тоа зависи од сите нас. Индустријата, повеќе пари, е клучот за благосостојбата на сите и за напредно општество. За тоа се потребни годишни растови на БДП кои ќе дадат драматични скокови во стандардите во повеќе полиња. Нашата визија вклучува силен ангажман на сите за економски раст и развој – рече премиерот.

    Имаме потенцијал, искаткна, да станеме економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.

    Премиерот најави реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе создадат услови за младите.

    – Треба да се внимава да не се падне во замките на етничките теми и конфликти кои се само параван на лукративните интереси на поединците кои градат кариери врз овие прашања, додека, за жал, народот се дели. Економијата и економските дострели мора да бидат заедничко достигнување кое мора да се оствари. Целта на оваа влада и на секоја наредна е и мора да биде членство во Европската Унија, не само поради тоа што како држава природно припаѓа таму, туку и затоа што нам ни се тие критериуми потребни за да имаме и подобар стандард и подобар живот. Исто така, факт е дека предолго чекаме пред портите на ЕУ и се чувствува оправдано резигнирање и разочараност на граѓаните – рече денеска Мицкоски пред Националниот совет за развој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img