More

    Информација за изведбата на современиот балет во 3 слики „ПЕПЕЛАШКА“ од Сергеј Прокофјев на 27 септември со почеток во 20.00 ч.

    spot_img

    Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 септември со почеток во 20.00 часот.
    Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ . Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), дизајн на светло: Милчо Александров, асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова, Дафина Данилоска-Кочевска, асистент-костимограф е Ангела Богеска.
    Приказната за „Пепелашка“ на нашата сцена ќе ја пренесат: Наташа Трендафилова Гицев (Христина Наќевска), Игор Веланоски, Саша Евтимова, Ангела Богатинова, Ендру Кук (Англија) , Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
    Александар Илиќ, кореографот на балетот „Пепелашка“ вели дека оваа поставка на „Пепелашка“ не е класична верзија, туку е создадена во еден посовремен контекст. „Нашата ‘Пепелашка’ ја сместивме во една потполно поинаква временска рамка, во 70-тите години на минатиот век. Поточно, во време на популарноста на филмот ‘Брилијантин’, со најпознатата улога на Џон Траволта, и со самото тоа се поигравме со нашата ‘Пепелашка’ во тоа време“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img