12 лица се уапсени во Иран за наводно шпионирање за Израел. Идентитетот на агентите не е познат, но им се заканува доживотен затвор доколку бидат прогласени за виновни.
Иран уапси 12 лица осомничени дека шпионирале за израелската надворешна разузнавачка служба Мосад, соопшти во неделата Корпусот на гардата на Исламската револуција (ИРГЦ).
Како што објаснија, тие требаше да се обидат да соберат тајни информации во шест провинции во земјата и да ги пренесат на Мосад, пренесува германската прес-агенција dpa.
Сепак, ИРГЦ не откри детали за идентитетот на наводните агенти. Исто така, не е јасно какви доверливи информации, наводно, сакаат да соберат и да ги пренесат.
Уапсените може да се соочат со смртна казна доколку бидат прогласени за виновни.
Во март, во сличен случај, беше погубен наводниот агент на Мосад, кој беше прогласен за виновен за планирање напад врз објект на иранското Министерство за одбрана.
Според Ројтерс, иранската гарда им забранила на своите членови да користат комуникациски уреди. Како што објаснија за агенцијата двајца неименувани безбедносни функционери, ИРГЦ спроведува опсежни проверки на сите уреди, а не само на комуникациската опрема.