More

    Најмалку 28 загинати во експлозија во рудник за јаглен во Иран

    spot_img

    Во експлозија на гас во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан загинаа најмалку 28 лица, а 17 се повредени, објави во неделата државната телевизија, додека 24 лица се водат како исчезнати.

    Несреќата е предизвикана од експлозија на гас метан во два блока од рудникот со кој работи компанијата Маданџу, објави државната телевизија.

    Се наведува дека во моментот на експлозијата во блоковите имало 69 работници.

    „Седумнаесет повредени лица се пренесени во болница, а 24 лица се водат како исчезнати“, соопшти државната телевизија, повикувајќи се на шефот на иранскиот Црвен крст.

    Експлозијата се случила во саботата во 21 часот, јавуваат државните медиуми.

    Претседателот Масуд Пезешкијан изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Разговарав со министрите и ќе направиме се што можеме“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img