Германски полицаец од градот Нојбиберг, кој со семејството пазарел во супермаркет, забележал државјанин на Босна и Херцеговина (46), кого го препознал по потерница, а се барал поради грабеж на пензионер.
Имено, полицаец кој не бил на должност видел познато лице во супермаркетот, веднаш ги повикал колегите како засилување, а државјанин на БиХ бил уапсен пред очите на преплашените муштерии.
Тој бил идентификуван во полициска станица, по што било потврдено дека неколку дена претходно ограбил 80-годишен германски пензионер и му украл неколку стотици евра. Инаку, овој државјанин на БиХ во последните три години живее во Нојебиберг и е добро познат на локалната полиција бидејќи веќе неколку пати бил приведен.