More

    Владата донесе одлука да ја ограничи профитната маржа до 10%

    spot_img

    Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

    За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката била штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

    Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.

    – Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеца, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата Ванчо Прќе во Општина Штип.

    Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.

    Предлогот, како што беше претходно информирано, е изготвен во консултација со трговците и со производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“.

    Добро е сѐ што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените, оцени Трнедафилов на прес-конференција во врска со владиниот предлог што предвидува ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за стотина основни прехранбени производи. Тој изрази жалење што ССМ не е вклучен во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите.

    – Минималната синдикална кошничка се пресметува во тековниот месец. Се надевам дека на почетокот на наредната недела, во понеделник или вторник, ќе биде објавена. Според податоците, веројатноста е голема да биде со благо зголемување, имајќи предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4.600 денари. Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја сѐ што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22.300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани. Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано. Но, конечно нѐ охрабрува тоа што и владините функционери и другите носители на јавни функции го зборуваат она што го говори ССМ, дека некој се богати на грбот на работниците, неоправдано – напомена Трендафилов, одговарајќи на новинарски прашања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img