More

    СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА КАСАНДРА? Доаѓа во Србија за 30.000 евра

    spot_img

    Латиноамериканската ѕвезда Кораима Торес, која се прослави со улогата на Касандра во популарната истоимена латинска сапуница, пристигнува во Србија кон крајот на месецот за да учествува во српската серија „Игра на судбината“ каде ќе се приклучи на тимот како гостувачка ѕвезда.

    Актерката во Србија ќе престојува три дена, а нејзиниот престој ќе ја чини продукцијата 30.000 евра.

    – Ќе престојува во претседателскиот апартман во еден хотел и ќе ѝ бидат исполнати желбите што им ги упатила на организаторите. Била скромна, тоа можам да го кажам. Таа сака да види неколку знаменитости на главниот град кои не ги видела кога била во Србија пред извесно време. Тогаш пробала многу наши кулинарски специјалитети кои ѝ се допаднале и поради тоа сака повторно да ги вкуси нашите јадења. Пробала пита и ракија. Она што сега сака да го проба се нашите вина, што, секако, ќе ѝ биде овозможено – рекол добро информиран извор за српските медиуми.

     

    Според неименуваниот извор, нејзе не ѝ бил пресуден хонорарот затоа што улогата многу ѝ се допаднала.

    Серијата „Игра на судбината“, која има повеќе од 1.170 епизоди од 2020 година, на крајот на месецот ќе влезе во нова сезона наречена „Тајните на минатото“. Во една од нив ќе се појави Касандра од во истоимената теленовела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img