More

    Пендаровски вели – бевме, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата

    spot_img

    Денес гледаме дека победата на слободата, човековите права, демократијата и еднаквоста е загрозена во моментот кога поверувавме дека е целосно извојувана. Токму денес, во екот на новите крвопролевања, треба повеќе од кога било да се потсетиме на поуките од минатото, а 9 мај е еден од оние датуми – темелници на вистинските цивилизациски вредности, вели претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

    Тој додава дека Денот на победата над фашизмот е оддавање почит на милионите животи згаснати во борбата против окупаторот, ден кога „со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата“.

    – Денот на Европа, кој ја слави идејата за траен мир и заедништво на континентот, е уште еден потсетник за клучната вредност на патот кон европското обединување на различностите. Само достоинствено, со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа. Победата над фашизмот е и победа за Европа – вели во пораката Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img