More

    Израел има долга историја на софистицирани тајни операции

    spot_img

    Не е првпат Израел да извршува софистицирани напади со експлозии од далечина, притоа негирајќи одговорност, пишува Политико.

    Пејџерите кои експлодираа во Либан убивајќи најмалку девет лица, меѓу кои членови на милитантната група Хезболах и повредија речиси 3.000 лица, се дел од долгата низа на напади кои во минатото вклучувале и експлозии во митралез активирани со далечински управувач, експлозии во тајни ирански нуклеарни постројки, самоубиствени дронови и супер-сложени сајбер-напади.

    Во 2021 година нуклеарна постројка во централен Иран беше погодена со експлозии и сајбер-напад кој предизвика затемнување на просториите. Иран го обвини Израел дека го извршил нападот, како и неколку други против иранските нуклеарни постројки користејќи експлозивни беспилотни летала во следните години.

    Претходната, 2020 година, еден од најистакнатите воени научници за нуклеарен погон во Иран, Мохсен Фахризадех, беше убиен од митралез на далечински управувач додека патувал во автомобил надвор од Техеран. Иран го обвини Израел.

    Во 1997 година агентите на Мосад се обидоа да го убијат тогашниот шеф на Хамас, Калед Машаал, во Аман, Јордан. Двајца агенти влегле во Јордан користејќи лажни канадски пасоши и го отруле Машал ставајќи му уред во близина на увото. Тие беа заробени набргу потоа, а кралот на Јордан се закани дека ќе го поништи тукушто склучениот мировен договор доколку Машаал умре. Израел на крајот испрати противотров, а израелските агенти беа вратени дома. Машаал останува висока личност во Хамас.

    Во 2010 година, компјутерскиот вирус „Stuxnet“, откриен во 2010 година, ги прекина и уништи иранските нуклеарни центрифуги. Нашироко се веруваше дека е заедничка американско-израелска креација.

    Нападите често се случуваат и координирано на различни места. На пример, во јули оваа година атентатот врз врховниот лидер на Ирана Исмаил Ханије во главниот град на Иран се слуи само неколку часа по смртоносниот напад врз Фуад Шакур, висок командант на Хезболах во Бејрут.

    Во април оваа година двајца ирански генерали беа убиени, во како што рече Иран, израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија. Смртта го наведе Иран да изврши напад без преседан врз Израел во кој беа вклучени околу 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето беа пресретнати.

    Во јануари оваа година во напад на израелско беспилотно летало во Бејрут беше убиен Салех Аури, висок функционер на милитантната група Хамас во егзил. Лани во декември со напад на беспилотно летало беше убиен Сејер Рази, долгогодишен советник на иранската паравоена Револуционерна гарда во Сирија, беше убиен во напад со беспилотно летало надвор од Дамаск. Иран го обвини Израел за нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img