More

    Силно невреме и поплави и во Италија: при интервенција загина пожарникар

    spot_img

    Разорниот циклон Борис, кој изминативе неколку дена ја опустоши Европа, предизвика и жестоки бури во Италија. За време на спасувањето загина пожарникар.

    Југот на Италија беше погоден од силно невреме во текот на ноќта. Обилните врнежи ги зафатија регионите Апулија, Кампанија и Емилија-Ромања, меѓу другите. Спасувачите денеска пронајдоа тело на 59-годишен пожарникар во регионот Фоџа во Апулија, чие возило го однела водата додека ги спасувала возачите во неволја.

    Телото на пожарникарот било пронајдено во возилото на околу 700 метри од местото каде што возилото првично било зафатено од надојдените води. Во моментот на несреќата во возилото имало двајца пожарникари, а другиот успеал навреме да избега. Спасувачите веќе го однеле во болница од каде се очекува наскоро да биде отпуштен.

    Во Кампања, пак, неколку реки се излеаа од коритата поради обилните дождови. Поради поплавите, противпожарната бригада мораше неколку пати да интервенира, пренесува австриската прес-агенција АПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img