More

    МВР го смени началникот за гранични работи Наим Рамука

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи го разреши началникот на Регионалниот центар за гранични работи Север, Наим Рамука поради бегството на Блерим Рамадани кој се бараше за воени злосторства и заради пропуштањето на свадбарите на Африм Гаши на граничниот премин „Блаце“.

    За нов началник е поставена Маја Темелкова-Сотиров, долгогодишна вработена во МВР, која работела и на граничниот премин на скопскиот аеродром и била главен инспектор за гранични проверки и граничен надзор.

    „Откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за излез број 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓупросторот на граничните премини ѝ се приклучуваат на делегацијата, а при поминувањето на границата не била извршена контрола на патниците и возилата“, соопшти МВР.

    Рамука ќе остане да работи во МВР, но не како начаник на секторот за гранични работи Север.

    – На началникот на Р.Ц. Север Наим Рамука не му е продолжена наредбата заради поведена дисиплинска постапка за него. Во рамки на внатрешната контрола при МВР за настанот кој предизвика интерес кај јавноста за пропуштањето на возилата на собранискиот спикер Африм Гаши на граничниот премин Блаце, за Рамука е поведена постапка за утврдување на одговорност за непочитување на подзаконските акти – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Сител.

    Минатата недела МВР соопшти дека и против шест полициски службеници е поведена дисциплинска постапка за случајот со свадбарите на Гаши.

    Рамука е осомничен дека е вмешан во бегството на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, баран со потерница од Интерпол.

    По скандалот со пропуштањето на возилата од придружбата на спикерот Гаши, опозициската СДСМ бараше да не одговараат само шестмината полицајци, туку и началникот Рамука.

    „Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука. Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат“, соопшти СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img