More

    Талибанците негираат дека кампањата за вакцинација против детска парализа е прекината

    spot_img

    Авганистанското Министерство за здравство, кое е раководено од талибанците, денеска ги отфрли информациите дека кампањата за вакцинација против детска парализа е прекината или одложена во земјата.

    Портпаролот на министерството Шарафат Заман ги нарече таквите извештаи лажни и рече дека нема официјална директива за одложување или запирање на плановите за борба против детска парализа, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.

    Наместо тоа, рече тој, талибанските здравствени службеници се обидуваат да ја спроведат кампањата за вакцинација на легитимен и технички правилен начин за да имаат корист на општеството.

    Вчера, агенцијата АП цитираше висок функционер на Светската здравствена организација (СЗО) кој рече дека наместо да посетуваат куќи како дел од вакцинацијата, тие зборуваат за спроведување имунизација од место до место, на локации како што се џамиите.

    Локалните и меѓународните набљудувачи постојано предупредуваа на хуманитарни предизвици откако Талибанците ја презедоа контролата врз земјата по повлекувањето на меѓународната коалиција од Авганистан во средината на 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img