Српската пејачка Наташа Беквалац на својот настап откри дека сопствениците на клубовите не се воодушевени кога таа настапува бидејќи, како што вели, на нејзините концерти најчесто присуствуваат жени кои не пијат колку мажите. Пејачката имаше настап во клуб, а за време на настапот им се обрати на присутните жени, што се прошири на социјалните мрежи.
– Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат очи кога треба да им гостувам, не им се допаѓа. Велат жени доаѓаат на моите настапи, чест на исклучоците, а жените велат дека не трошат. Нема голем пазар кога ќе дојдам, а на моите драги жени би сакала да им порачам – да работат, да бидат вредни. Тие си ги плаќаат пијачките и сметките, за моите настапи секогаш да бидат полни со жени, кои имаат свои пари, бидејќи секогаш ќе пеам песни само за жени – изјави пејачката во текот на концертот, а публиката ја сними нејзината изјава и ја сподели на социјалните мрежи.
Инаку, Наташа, позната и како новосадската Барбика, долги години важи за една од најатрактивните и најуспешните пејачки во регионот со бројни хитови.