More

    Загина Лука Салвадори

    spot_img

    Италијанскиот мотоциклист и инфлуенсер Лука Салвадори им подлегна на повредите здобиени во вчерашната несреќа за време на улична трка, соопшти неговиот тим.

    „Со бескрајна тага ја објавуваме загубата на нашиот Лук Салвадори. По несреќата на патеката Фрохбург, поради повеќекратните повреди со кои се здоби, не можеше да се бори и не’ напушти. Нашето најдлабоко сочувство го изразуваме до членовите на неговото семејство“, пишува во соопштението од тимот на Лука Салвадори.

    Салвадори почна со улични трки по престојот во МотоЕ шампионатот. Тој беше натпреварувач и во италијанскиот супербајк шампионат, а остана познат и на социјалните мрежи, бидејќи на „Инстаграм“ имаше 415.000 следбеници, додека на својот канал на Јутјуб има 583.000 претплатници.

    Салвадори имаше 33 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img