Во врска со најавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека ќе побара објаснување за фотографијата пред бугарското знаме направена во Кабинетот на претседателот на Бугарија Румен Радев во петокот во Софија, во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјазко Радуков, дознава Плусинфо.
На 13 септември Сиљановска Давкова во Софија имаше тет-а-тет средба и заеднички ручек со бугарскиот претседател Румен Радев, по што таа присуствуваше во софиската опера каде на репертоар беше операта „Набуко“, во изведба на Македонската опера и балет.
Фотографијата на која Сиљановска Давкова и Радев се ракуваат пред бугарското знаме во неговиот Кабинет предизвика реакции во земјата, ккао што вчера информираа од Кабинетот на претседателката, не била дел во договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор