Членовите на историската мисија „Спејс икс“ слетаа на Земјата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екипажот на „Поларис дон“ (Polaris Dawn) на Спејс Икс се врати на Земјата по пет дена поминати во орбитата, во рамки на мисијата за реализирање на приватна прошетка низ вселената, прва во историјата.

Капсулата „Драгон“ утрото на 15 септември падна во морето во близина на брегот на Флорида, јавува Би-ви-си.

„Добре дојдовте назад на Земјата“, објави Спејс Икс на мрежата Икс.

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека мисијата претставува „голем чекор напред“ за комерцијалната вселенска индустрија.

Еден ден пред слетувањето, екипажот ја искористи сателитската мрежа Старлинк на Спејс Икс за да воспостави директна видео врска со Земјата.

Мисијата ја финансираше милијардерот Џаред Исакман.

Обраќајќи им се на контролорите на мисијата во Хоторн, Калифорнија, за време на вселенската прошетка, Исакман рече: „Сите имаме многу работи да направиме дома, но оттука светот изгледа како совршено место“.

На Исакман му се придружија Скот Потет, пензиониран пилот на американските воздухопловни сили и две вработени во Спејс Икс, Сара Гилис и Ана Менон.

Досега, само астронаутите од вселенски агенции финансирани од владата можеа да го направат тоа.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article