More

    Снимка од Флајтрадар24 ги покажува кобните 30 секунди од избегнатиот инцидент од 7 септември

    spot_img

    Авионите ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул и „Санекспрес“ кој од турскиот крајбрежен аеродром Даламан летал за Лондон-Гетвик за малку ќе се судреле над Скопје на 7 септември, а снимка од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци.

     

     

    Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста височина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.

    Агенцијата за цивилно воздухопловство(АЦВ) утринвата потврди дека постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнатиот судир над Скопје.

    Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img