More

    Путин рече дека тоа што Западот му дозволи на Киев да користи оружје со поголем дострел против цели во Русија значи дека НАТО ќе биде во војна со Москва

    spot_img

    Владимир Путин рече дека тоа што Западот му дозволи на Киев да користи оружје со поголем дострел против цели во Русија значи дека НАТО ќе биде во војна со Москва, пишува британски Гардијан.

    Путин го изјави ова во време кога највисоките дипломати на САД и на Велика Британија разговараа за олеснување на правилата за користење западно оружје во Русија, за што Киев притиска повеќе од две и пол години.

    – Ова на значаен начин би ја променило самата природа на конфликтот. Тоа би значело дека земјите на НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. Ако е така, тогаш земајќи ја предвид промената на природата на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите со кои ќе се соочиме – изјави Путин за новинарот на државната телевизија.

    Давањето дозвола на Киев да удри длабоко во Русија „е одлука за тоа дали земјите на НАТО се директно вклучени во воениот конфликт или не“, според рускиот претседател.

    Коментарите на Путин дојдоа еден ден откако американскиот државен секретар, Антони Блинкен, го даде своето најсилно навестување досега дека Белата куќа е на пат да ги укине своите ограничувања за Украина да користи оружје со долг дострел, снабдедно Западот, на клучните воени цели во Русија.

    Зборувајќи во Киев заедно со министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Дејвид Лами, Блинкен рече дека САД „од првиот ден“ биле подготвени да ја прилагодат својата политика како што се менувала ситуацијата на бојното поле во Украина.

    Блинкен рече дека тој и Лами ќе се јават кај нивните „газди“ – Џо Бајден и Кир Стармер – по нивните разговори во средата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Министерот за надворешни работи сугерираше дека испраќањето балистички ракети од Иран во Москва – откриено оваа недела – го променило стратешкото размислување во Лондон и во Вашингтон. – Тоа беше „значајна и опасна ескалација. Ескалаторот овде е Путин. Путин ескалираше со испораката на ракети од Иран. Гледаме нова оска на Русија, Иран и на Северна Кореја – рече тој.

    Извори од британската влада посочија дека веќе е донесена одлука да ѝ се дозволи на Украина да користи крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на цели во Русија, иако не се очекува тоа да биде објавено јавно в петок кога Стармер ќе се сретне со Бајден во Вашингтон.

    Двајцата лидери планираат да разговараат за војната во Украина и како таа би можела да биде завршена, како дел од широката надворешна политичка дискусија, иако тие ќе избегнат интензивен фокус на кој било поединечен систем на оружје бидејќи фокусот на разговорот е стратешки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img