More

    Холивудскиот актер Брус Вилис веќе извесно време се бори со афазија, болест поврзана со оштетување на мозокот и со деменција

    spot_img

    Холивудскиот актер Брус Вилис веќе извесно време се бори со афазија, болест поврзана со оштетување на мозокот и со деменција. Оваа болест го принуди да се повлече од светот на актерството, а воедно му влијаеше и на неговиот секојдневен живот – му ги попречува комуникациските вештини и способноста на говорот. Со него е целото семејство, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Деми Мур, која му е голем поддржувач.

    Иако се разведени, тие се во многу добри односи, поради што многумина ги изненаденила информацијата дека Брус ја повлекол Деми од својот тестамент.

    Ѕвездата на филмовите од серијалот „Умри машки“ сè повеќе размислува за иднината, па дури и за тестаментот. Така протече веста дека одлучил да ја исклучи Деми од тестаментот, но дури и поради тоа односот помеѓу поранешните сопружници е – добар.

    Сознанието е дека најголемиот дел од неговото богатство ќе оди на неговата сегашна сопруга Ема Хеминг и нивните две ќерки.

    – Брус сака да биде сигурен дека неговите најмали ќерки се осигурани, а Румер, Скаут и Талула во текот на животот го добивале најдоброто од она што тој финансиски можел да им го понуди – рекол изворот, пренесува „Марка“.

    Како што понатаму наведува изворот, кога Брус се оженил со Ема и ги добил ќерките, го променил тестаментот, а кога здравјето му се влошило, повторно го сменил.

    Згора на тоа, Румер, Скаут и Талула, кои Брус Вилис ги доби со Деми, ќе добијат помалку пари од првично планираното, додека најголем дел од богатството на актерот ќе оди кај неговите ќерки Мејбел и Евелин и нивната мајка Ема, втората сопруга на Брус.

    – Брус сака неговото младо семејство да биде згрижено – рекол за „Радар онлајн“ извор близок на Брус Вилис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img