More

    КоССев: Косовската полиција влезе во објектот на Управата за финансии во Лепосавиќ

    spot_img

    Косовската полиција штотуку извршила претрес во просториите на Министерството за финансии – Народна банка на Србија во центарот на Лепосавиќ, потврдија за КоССев.

    Акцијата се спроведува по налог на Судот во северниот дел на Митровица, пишува КоССев. Во објектот има службеници на Косовската агенција за економски криминал од Приштина, како и на косовската полиција од северниот регион, се наведува.

    „Според оваа наредба, денеска влеговме во објектот на Министерството за финансии на Србија, Секторот за трезор на Народната банка на Србија во Лепосавиќ“, потврди за КоСС Ветон Ељшани, заменик командант на КП за Север.

    Акцијата се спроведува, додаде тој за овој медиум, во врска со случајот „перење пари“.

    „Нема приведени. Ситуацијата е потполно иста како кога претходно вршевме акции во банките на север. Кој е надлежен за институцијата ќе се испитува. Се земаат сведоци кои ќе бидат таму додека се врши увид на местото“, вели тој, пишува КоССев.

    Најверојатно, се наведува, како што беше случајот при затворањето на финансиските институции во месец мај, и овде ќе биде одземено се што ќе најдат службените лица во форма на документација, компјутерска опрема и пари.

    Оваа српска финансиска институција не беше затворена во акцијата од мај, кога беше затворена и Министерството за финансии – филијала во Косовска Митровица заедно со уште четири експозитури на Поштанска штедионица банка на северот на Косово.

    Три месеци подоцна, односно на почетокот на минатиот месец, косовските власти ги затворија сите девет филијали на Поштата Србија на северот на Косово.

    Објектот на Трезорската управа во Лепосавиќ се наоѓа во истата зграда каде што до неодамна беше и Привремената управа на општина Лепосавиќ, затворена на крајот на минатиот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img