More

    Разрешениот директор Толај ненаменски потрошил 177.000 денари

    spot_img

    Директорот на Албанскиот ансамбл за народни игри и ора, Шкодран Толај кој вчера беше разрешен, не спровел реаудиција на 33 уметници од Ансамблот кои биле вработени пет години, иако според Законот за култура аудиција треба да се спроведува на секои три години. Утврдено е и дека ненаменски се потрошени 177.000 денари за проектот „Балканска турнеја“ во 2023 година.

    Толај не доставил и шестмесечен извештај за своето работење за второто полугодие од 2023 година, а бил должен тоа да го стори според Законот за култура, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, информирајќи што констатирал инспекцискиот надзор.

    Според Љутков, сега за в.д. директор е назначен Шкељким Јахи кој е од редот на вработените во Ансамблот и тој ќе распише конкурс за одново вработување на 33 уметници.

    – Сфативме дека ситуацијата во Ансамблот не е добра, а тоа резултираше и со отпуштањето на 33 вработени. Направена е голема штета врз културата во Македонија. Веднаш испративме инспекција. Како што кажав и претходно, тоа траеше повеќе од десетина дена. Сега имаме назначено нов в.д. директор. Тој ќе распише конкурс за одново вработување на тие 33 уметници. Се надевам дека во наредниов период, за околу месец дена, тие луѓе ќе бидат повторно вработени, а подоцна ќе ги внесеме и во Законот што ќе ги вклучи и останатите 166 на кои им истекува работниот стаж и ќе добијат трајно вработување во текот на оваа година – објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Националниот конзерваторски центар.

    претходниот член,
    Следната статија
    Министерот за економија, Бесар Дурмиши, најави дека до утре ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или маржите од 5, 10 или 15%. Како што информираше министерот Дурмиши, работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките. Можеби ќе ве интересира КОИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ? До петок ќе се знае што ќе… МИА 11/09/2024 ЌЕ ИМА ЕСЕНСКА, ПРЕДНОВОГОДИШНА И ПРОЛЕТНА КОШНИЧКА Ќе… МИА 11/09/2024 – Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 проценти – рече министерот во изјава за медиуми по денешната посета на книжарниците „Просветно Дело“ и „Алби“. Дополни дека потрошувачка кошничка ќе продолжи и во наредните периоди, како зимска, велигденска и рамазанска кошничка. Министерот, исто така, информираше дека Законот за нефер трговски практики ќе стапи на сила до крајот на месецот, дополнувајќи дека фирмите имаа шест месеци да ги усогласат своите цени
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img